Избегнат пожар во маркет во Тетово, била оставена запалена свеќа на рафт

Избегнат пожар во маркет во Тетово откако едно лице оставило запалена свеќа на еден од рафтовите. 

- На 08.08.2026 во 18:35 часот во СВР Тетово, вработена во маркет на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово пријавила дека околу 17:10 часот едно лице запалило и оставило парафинска свеќа на еден од рафтовите во маркетот. Вработената навремено ја забележала и ја изгаснала свеќата, инфомрираа од тетовската полиција. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.