На 26.05.2022, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ѓ.З.(31) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Исто така, тој бил баран поради бегство од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар. Ѓ.З. ќе биде спроведен во установата и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.