Избегал од Идризово, па украл телефон во кафеана - Уапсен скопјанец

Полицијата уапси бегалец од затворот Идризово и истиот е вратен во институцијата. 

- На 17.01.2026 во 04:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.П.(43) од Скопје, по претходна пријава дека на 16.01.2026 околу 21:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар одзел мобилен телефон од 23-годишна девојка од Скопје. При тоа е утврдено и дека Ј.П. се бара по наредба од Основен кривичен суд, поради бегство од Казнено поправна установа Затвор Идризово, соопштија од МВР. 

Телефонот е вратен на оштетената, а Ј.П. е вратен во Затвор Идризово и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок