Политичкиот аналитичар и колумнист Ивор Мицковски на неговиот Фејсбук профил го прокоментира ставањето на Артан Груби на црната листа на САД. Тој посочува дека со ова се руши деструктивниот момент на ДУИ и дестабилизацијата што и ја подготвуваат на Македонија. Мицковски посочува дека со ова полека им се тргаат рацете од судството кои го контролираат преку обвинители и судии.
„Гледам многу политички аналфабети го минимизираат ставањето на Груби и негов судија на црната листа, па да наведеме зошто е важно. Важно е затоа што се руши деструктивниот момент на ДУИ, им се пресекува петтоколонашката и дестабилизациска акција против Македонија, им се руши и потенцијалниот наследник на Али, се руши нивниот про-европски, про-амерички наратив и монопол како недопирливи и безгрешни.
Им се тргаат рацете од судството кое заедно со СДСМ се уште го контролираат и преку обвинители и судии си пуштаат луѓе да избегаат или никогаш да не одговараат. Но, најважно од се, е дека се рушат и ја губат поддршката од вечниот спонзор, Америка“, пишува Мицковски.
Тој посочува дека на овој начин тие повеќе не се потребни и дека е потребно сега во овој момент власта да реагира.
„Пораката не е дека само се коруптивни и криминални, што одлично го знаеме, туку дека се одвишни и непотребни повеќе, па дури и штетни. Сега и се дава ветер во грб на власта, да почне да се соочува со криминалот на оваа банда и да ги обезвласти и да им го одземе секој прилив на јавни или криминални пари.
И нормално, да почне да ги апси. Има уште многу логики, но и вака е доволно. Затоа, и тоа како е важно што Груби е на црната листа. А да, им се испраќа и порака за тоа што ги чека СДСМ и да поразмислат со кого саделе или сеуште садат тикви. Сега е до власта“, потенцира Мицковски.