Ивона Јо топлес за 8 Март, Антониа Гиговска го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)

Нашите познати пејачки Ивона Јо и Антониа Гиговска, која е на пауза од музичката кариера, објавија oсмомартовски честитки.

Кумановката Ивона Јо откако драстично ослабна позираше топлес и фотографиите ги сподели на својот Инстаграм профил, со порака до жените. 

-Среќен 8 ми март на сите жени, мајки и кралици. Среќен 8 ми март тебе и мене. Се надевам како што сите сме гласни денес, ќе останеме и утре. Забавата не престанува кога ќе напочниш 30 години. Брчките на лиценцето не се знак дека стануваш грда и стара. Препушти се себе сѝ, на себе. Пушти сѐ, затоа што и онака секој гледа за себе. Денес пушти сѐ. И те молам не чекај цвеќе, вечера и честитка. И не заборавај ништо не треба. ,,Треба’’ само да сакаш да го правиш тоа. Само нежно према себи„ - напиша таа. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Антониа Гиговска, пак, го покажа трудничкото стомаче додека позираше со црвена ружа.

-Среќен Осми март на сите девојки и жени. Бидете здравi, живи и секогаш насмеани. Посебни сте во секоја смисла на зборот, порача пејачката во блажена состојба.