Иво Андриќ: Јас не се плашам од луѓето, туку од она што е нечовечко во нив

Иво Андриќ е познатиот писател кој е многу познат на Балканот. Во 1961 година ја добива Нобеловата награда за книжевност, „за епската сила со која ја обликувала темата и ја прикажал судбината на луѓето во историјата на својата земја“. Бил член на Српската академија за науки и уметности. Неговото творештво содржи голем број познати дела, но и мисли и мудрости.

Што не боли – не е живот, што не поминува- не е среќа.

Не треба да се плашиме од луѓето.

 - Па јас не се плашам од нив, туку од она што е нечовечко во нив.

Дури и најголемите пустини имаат своја пролет, колку и да е кратка и незабележлива.

Да се биде човек, роден без свое знаење и волја, фрлен во океанот на постоење. Мораме да пливаме. Да постоиме. Да носиме идентитет. Да го издржиме притисокот на сите нешта околу нас, сите конфликти, непредвидливи и непредвидени постапки, свои и туѓи, кои не се по мера на нашата сила. А, покрај сè и да се издржи нашата мисла за тоа. Накратко: да се биде човек.

Веќе ништо не планирам. Само го живеам овој живот. Понекогаш како сакам, а понекогаш и како морам. Ситниците го бојат мојот живот. Ситниците се среќа. Затоа и ги сакам малите работи. И големите торби. Насекаде ги носам со себе, бидејќи себеси си должам прошетка меѓу очекуваното и непланираното.

Понекогаш доаѓаат времиња кога паметот замолчува, будалата проговорува, а идиотот се збогувата.

Ми зборувате дека ќе изгорам, дека позади мене ќе остане пепел, но барем ќе знам дека сум бил оган. Позади вас ќе остане само незабележлива трага.

Животната сила на еден човек се мери и меѓудругото, во неговата способност за заборавање.

Чувајте се од загрозените луѓе и луѓето кои мислат дека се загрозени. Тие чувствуваат потреба да се штитат и бранат, а поради тоа и неочекувано и злобно напаѓаат.

Секогаш кога наидував на луѓе кои ја покажуваа својата претерано развиена грижа за националната гордост и општиот интерес или претерана чувствителност за личната чест и достоинство, секогаш по правило наидував на ограничен ум, неразвиена способност, тврдо срце и груба, кратковидна себичност.