Ивица Трповски, астролог: Мажите и жените подеднакво се интересираат за астрологија, генерално ги интересира љубов, работа и кариера

Ивица е човек кој живее во Скопје и со астрологија се занимава веќе 20 години. Интересно е тоа што астрологијата никогаш не била центар на неговото интересирање. Од многу рана возраст нешто што го привлекувало неговото внимание е сето тоа што не може точно или прецизно да се доживее или искаже со нашите сетила за перцепција, тоа што е скриено и тајно, окултно, односно јасновидци, бајачи, гатачи, религија, медитација...принципите по кој тие функционираат и обредите кој тие ги вршат.

Во целиот тој истражувачки пат се појавила астрологијата, односно спонтаното запознавање со неа. Ивица вели дека точност која ја дава и функционирањето на тој систем во целост ја раѓа неговата љубов кон астрологијата, нешто кое трае и денес.

На темите поврзани со астрологијата, хороскопот и наталните карти разговараме со астрологот Ивица Трповски

На почетокот разговаравме општо за астрологија. А тој вели дека ако прашаме што е астрологија најкраткиот одговор би гласел, дека таа е наука за планетите и небеските тела и за тоа како тие влијаат на луѓето на земјата, природните појави, минералите, вегетацијата и животните. Ивица додава дека астрологијата може да ни даде одговор на многу прашања кој човек си ги поставува: Зошто баш мене ми се случи тоа? Зошто така е не поинаку? Зошто баш во оваа година? и слично. 

- Личниот хороскоп или пак повеќе познат како натална карта ни ги дава склоностите кој ги имаме, каков е нашиот карактер, каква среќа не чека, каков ќе ни биде љубовниот, спиритуалниот, интелектуалниот, емотивниот живот, во кој професија најдобро ќе успееме, колку пари ќе имаме, какви ќе ни бидат пријателите, каде се опасностите и како тие да се избегнат, каде ќе живееме, какви жени привлекуваат одреден маж, кави мажи ќе одиграат важна улога во животот на една жена, како и кога ќе починеме итн, додава тој.

Ивица вели дека тоа што е интересно за овие 20 години колку што се занимава со астрологија е фактот дека можат да се видат различни трендови во интересирањето на клиентите.

- На почетокот на мојата работа соодност на мажи и жени како кленти пред се беше во полза на жените, зоната на интерес беше строго поделена, емотивниот живот и љубовните проблеми беа интерес на женската популација а работата и финансиите кај мажите. Последните години тој тренд е сменет, постои баланс помегу мажи и жени кленти и тоа што ги интересира е скоро идентично ... по малку од се, љубов, работа, кариера итн, додава тој.

Многу често во јавноста, во последно време слушаме дека планетите се ретроградни и дека тоја е најчестата причина за несоница, лошо расположение, па дури и за природни појави. Го прашавме Ивица, што значи формулацијата „ретрограден марс, јупитер или сатурн“?

Ретрогнадно движење  e всушност привидно движење наназад на некоја планета, вели Ивица и додава дека за да биде појасно  тоа ќе го појасни преку еден пример:

-  Земјата ротира околу Сонцето со одредена брзина. Јупитер, исто така. Бидејќи Земјата се врти околу Сонцето побрзо од Јупитер, ние во голема мера го следиме правилниот пат на Јупитер додека тие патуваат низ космосот рамо до рамо. Но, во еден момент, Земјата и Јупитер се наоѓаат на паралелна патека. Поточно, нашата планета стигнува до Јупитер патувајќи по сопствен пат и во еден момент тие стигнуваат целосно паралелно, еден спроти друг. Бидејќи Земјата е побрза, во следниот момент го престигнува Јупитер, кој почнува да се задржува зад Земјата, што на набљудувачот му дава впечаток дека Јупитер прво застанал во еден момент, а потоа почнал да се движи наназад.

- Ретроградното движење е многу интересно во кармичката астрологија бидејќи често овие планети се показател за работи кои се случиле еднаш во животот, а се случуваат и во сегашноста. Оттука и она познато чувство на веќе видено, кое често не успеваме да си го објасниме. Ретроградацијата ги принудува мислите да одат наназад, го подобрува сеќавањето, а не ретко и меморијата, ги подобрува медиумските способности и сето тоа зависи од која планета се наоѓа и во кои аспекти се наоѓа. Луѓето со добро позиционирани и добро поставени ретроградни планети имаат многу богат внатрешен потенцијал, заклучува Ивица во разговорот.

Ивицае активен на социјалните мрежи, а повеќе информации за астрологијата и одговори на прашања поврзани со неа може да добиете на неговиот инстаграм профил