Ивица Трповски, астролог: „Како ги знаеш овие работи, како да си живеел со мене“ - најчесто ова се реакциите на луѓето кога ќе ја слушнат наталната карта

Кога е во прашање хороскопот и астрологијата, веројатно „наталната карта“ е еден од најчестите термини кои се споменуваат.  За тоа што конкретно значи наталната карта во денешното, викенд интервју разговараме со астрологот Ивица Трповски и тој открива дека наталната карта претставува планетарен енергетски отисок на една личност и таа ни ги дава сите потенцијали и предиспозиции кој ги има одредена личност, за сите области од животот: љубов, работа, здравје, семејство, пријатели итн.

„Ако го земеме на пример здравјето, наталната карта ни покажува какво ќе биде здравјето во целост, дали се работи за нормално здравје кое се одвива по природен тек, или пак се работи за неприроден тек, терминални болести, прерано прекинат живот, инвалидитети, насилства и сл. Таа исто така ни ги покажува органите кај кој постојат проблеми, нивото на проблеми кај тие органи, дали се работи за хроничен или акутен проблем, постој ли хирурска интервенција, можност истата да се избегне и сл. Многу важно периодот во кој проблемите би се појавиле и уште поважно период кој е погоден за проблемите да се решат“, вели Ивица.

Го прашавме, колку точни проекции може да даде наталната карта.

На ова прашање Ивица вели дека доколку информациите кој ги дава наталната карти би ги поделиле на скалило по нивната важност од примарни, секундарни, терцијални па се до тривијални, за примарните информации или животно значајни информации кој опишуваат “mayor life event” се со прецизност од 90% понатаму и тој процент може да опаѓа во зависност од знаењето и умешноста на самиот астролог.

„Доколку клиентот ми остави слобода отворено да зборувам за наталната карта и тоа обично го прашувам пред да почнам со анализата, селекција во принцип не правам во информациите кој ги споделувам во смисла нешто да не кажам или сокријам. Селекција правам во смисла се фокусирам и се задржувам во попрецизно и подетално објаснување на работи кои се од голема важност, како и позитивен или негатиивен период за истите. При анализата се обидувам вниманието на клиентот да го насочам на тие работи“, вели астрологот Трповски на ова прашање.

Го прашавме и што најчесто ги интересира клиентите кога е во прашање наталната карта.

„Имам голем број на клиенти кои се надвор од границите на Македонија и многу е интересно кога ќе се споредат работите кој ги интересираат клиентите од Македонија и надвор од неа“, вели тој и додава дека луѓето од Македонија фокусот на интересирање им е на некој начин придвижен од емоции, прашањата се за љубов (здравје поготово на блиски) и семејство. Додека пак на клиентите надвор од Македонија во најголемиот број случаи се кариера, работа, пари и материјалната страна на животот.

Какви се реакциите од страна на клиентите по споделувањето на информациите од наталната карта?

Ивица открива дека има два типа на интересни реакции од страна на клиентите кој би ги споделил. Првата е при самата анализа и најчесто е од типот “како може да го знаеш тоа, како да си живеел со мене цел живот”. А втората реакција е во комуникација после извесен периот после одредена предикција во смисла “баш како што кажа испадна”.

„Но најважна реакција за мене лично и за секој астролог и човек кој работи со луѓе е кога по информациите кој си ги споделил, насоките кој си ги дал, си успеал да го подобриш квалитетото на живото на некој клиент, притоа feedback – от на благодарност кој ќе се добие е од најголемо значење“, заклучува Ивица во денешното интервју за Скопје Инфо.