Иванов со честитка до припадниците на српската заедница во Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на српската заедница во Македонија по повод празникот „Свети Сава“.

Во честитката, Иванов наведува дека српската заедница била и ќе биде неотуѓив дел од Македонија која со својот јазик, култура и традиција ја збогатува различноста на македонското мултиетничко општество.

– Српската заедница во Република Македонија, како и македонската заедница во Република Србија, имаат и незаменлива улога на мост на поврзување меѓу двете соседни пријателски држави. Како одговорни граѓани на своите држави, но и доследни припадници на своите народи, двете заедници даваат пример како треба да се гради доверба меѓу балканските држави. Затоа сите ние треба активно да учествуваме во зајакнувањето на општествената кохезија и во градењето на просперитетна иднина за сегашните и идните генерации, пишува Иванов во честитката.