Иванов ќе се обрати на Генералното собрание на ОН

Претседателот, Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации на тема: „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.

Вчера, Иванов, заедно со својата сопруга, Маја Иванова, присуствуваше на прием организиран од страна на американскиот претседател, Доналд Трамп. Како што информираа од неговиот Kабинет, приемот бил организиран за шефовите на делегациите на 73. Генерално собрание на Обединетите nации во Њујорк.