
Вчера во Пензионерскиот клуб Влае се промовираше услугата „Итно копче“, наменета за постари лица кои живеат сами и за лица со попреченост кои живеат во домашни услови.
„Услугата е резултат на соработката меѓу Општина Карпош и Црвен крст Скопје, во рамки на проектот Healthy Aging and Home Help Services, со финансиска поддршка од Швајцарскиот Црвен крст“, информираа од Општина Карпош.
Со само едно притискање на копчето, корисникот добива 24-часовна поддршка од обучено лице, совет и психосоцијална помош, а по потреба и организирање соодветна итна интервенција.
„„Итно копче“ не е само услуга – туку чувство на сигурност дека помошта е секогаш на дофат, особено во моментите кога е најпотребна. Продолжуваме да создаваме услуги кои носат повеќе сигурност, самостојност и достоинство за нашите сограѓани“, порачаа од Општината.