IТhink ќе стартува со бесплатен забавен летен настан за сите деца што ја сакааат технологијата

“На плажа со IТhink” e темата на бесплатните работилници за деца, кои летово на големо ја најавуваат првата детска академија за технологија IТhink – најнова програма на Seavus едукативен и развоен центар.

Имено во периодот од 08.08 до 10.08.2016 година дворот на едукативниот центар ќе биде претворен во голема плажа на која што ќе се реализираат низа интересни активности. Ловиме рипки на плажа (работилница за Програмирање), Да танцуваме на плажа – (работилница за Роботика) и Како го поминувам летото (работилница за Дизајн) се само мал дел од содржините кои ќе ги понуди IТhink од септември.

Покрај работилниците кои имаат за цел да ги запознаат заинтересираните идни мали студенти со програмата на IТhink, учесниците ќе уживаат и во зумба забава, друштвени игри, креативни задачи и многу летно освежување.

Учеството на настанот На плажа со IТhink е бесплатно, а сите заинтересирани може да се регистрираат на ithink@seavus.com или 078 499 462.

Деталната агенда и повеќе информации за настанот може да се најдат и на официјалната facebook страна на академијата: https://www.facebook.com/IThink-Academy-626467287502742/?fref=ts Ithink е замислена како прва воведна академија за технологија, која има основна цел да ја афирмира информатичката технологија меѓу најмладите.

Комерцијален текст