Итен водоводен дефект ќе се санира утре - Многу скопски улици ќе останат без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известија дека поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на бул.Александар Македонски, утре (среда) ќе се превземе одреден технички зафат поради кој ќе има прекини во водоснабдувањето. 

Прекин, од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:

- бул. Александар Македоски

- ул.808 (дел од улица)

- бул. Киро Глигоров (дел од булеварот)

- Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона

- Триангла со намален притисок

- Населба Хиподром со намален притисок

- ул. Перо Наков кај Кванташки пазар со намален притисок

- Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување

- ул. Маџари прекин на водоснабдување

- ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување

- с.Сингелиќ прекин на водоснабдување.