Италијанскиот весник Ла Верита утрово сподели ново видео за случајот Рекет - се слуша и гласот на Катица Јанева

Италијанскиот весник Ла Верита утрово сподели ново видео за случајот Рекет.

 На снимките се слуша и гласот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“, му вели во еден дел Јанева на бизнисменот Орце Камчев.Камчев во видеото вели дека парите на Боки 13 му ги спакувал во соодветна торба „Луј Витон“ и дека не оди да му дава него пари во Адидас торба.

Ова е второ видео на италијанскиот новинар, а најави и трето продолжение.