Италијански колач со јаболка

Дојде сезоната на свежи и вкусни јаболка, со кои можете да ја подготвите оваа преубава пита, чиј вкус ќе ве освои. 

Состојки:

500 гр јаболка
180 гр брашно
Половина кесичка пециво
2 жолчки
130 мл млеко
Еден лимон
50 гр путер
100 гр шеќер
Еден ванилин шеќер
Прстофат сол

Подготовка:

Јаболката излупете ги и исечете ги на половина, па на парчиња тенки околу еден сантиметар. Прелијте ги со лимонов сок. 

Во друг сад измешајте брашно, прашок за пециво и сол. Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот и ванилин шеќер, па ставете половина од омекнатиот путер и млеко. Кога ќе добиете добро изматена смеса, ставете ги сувите состојки и добро измешајте. 

Во калап за печење торта ставете хартија и премачкајте со путер. Претурете го тестото и наредете ги парчињата јаболка. Останатиот путер стопете го, ставете шеќер и прелијте врз јаболката. 

Печете 30 минути на 180 степени, а потоа оставете да се излади. Послужете со шеќер во прав и цимет.