Италијанска панакота со вкус на кафе

Сите вкусови на Италија споени во еден десерт.

Состојки:

300 мл слатка павлака
100 мл млеко
80 гр шеќер
3 листови желатин
120 мл инстант кафе (подготвено појако)
Малку екстракт од ванила
Какао, кафе и чоколадо за декорација

Подготовка:

Ставете го желатинот во ладна вода околу 10 минути. Загрејте го млекото, додадете ја слатката павлака, шеќерот, кафето, ванилата и кога се ќе се соедини, истурете го кафето. Мешајте цело време, па додадете ги листовите желатин. 

Распоредете го колачот во соодветни садови. Оставете да се стегне преку ноќ. 

Врз изладената панакота изрендајте чоколадо и декорирајте со какао и/или кафе.