Италија препорача четврта вакцина против коронавирус, но не за сите граѓани

Италијанското Министерство за здравство препорача луѓето со сериозно оштетен имунолошки систем да примат четврта вакцина против Ковид-19, под услов да се поминати најмалку 120 дена од третата доза.

Министерството соопшти дека одлуката е одговор на континуираната висока циркулација на вирусот кај населението и ефектите од зголемените дози на вакцината за спречување на смртни случаи поврзани со Ковид-19, вклучително и симптоми на инфекција кои бараат болничко лекување.

Вкупно 152.848 смртни случаи се регистрирани во Италија од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година, што е втор најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа, по Велика Британија и осми во светот.