Истражување: Просечна жена на 30 години има само 20 отсто шанси да остане бремена

Земајќи предвид дека многу жени поголемиот дел од својот живот го поминуваат обидувајќи се да избегнат бременост, многу парадоксално звучи фактот дека просечна, здрава 30 годишна жена има само 20 отсто шанси да забремени во саканиот циклус, судејќи според податоците на организацијата Американ Стади од Репродуктив Медисин.

Двојките кои се обидуваат да забременат, знаат дека тоа и не е толку едноставен процес. Многу често се работи за исклучително тежок и фрустрирачки процес бидејќи многу работи мора да се совпаднат, врз чиј основ можеме да заклучиме дека забременувањето и не е секогаш така лесна задача.

Земајќи предвид дека многу жени поголемиот дел од својот живот го поминуваат обидувајќи се да избегнат бременост, многу парадоксално звучи фактот дека просечна, здрава 30 годишна жена има само 20 отсто шанси да забремени во саканиот циклус, судејќи според податоците на организацијата Американ Стади од Репродуктив Медисин.

Овој податок е објавен во публикацијата „Age and fertility: A guide for patients‟. Жената е најплодна во своите 20 години, а нејзината плодност се намалува во 30-тите години, посебно по 35-тата година.

Секој месец во кој се обидува да остане бремена, здрава жена во 30-тите години има 20 отсто шанси да остане бремена.

Тоа значи дека од 100 здрави, плодни жени кои се обидуваат да забременат во еден циклус, успешни би биле само 20 од нив, т.е. една петина. Останатите 80 жени ќе мора да го чекаат следниот циклус повторно да се обидат да забременат.

До 40-тата година, шансите за забременување се намалуваат за 5 отсто по циклус, така што од 100 жени во 40-тите години успех ќе имаат само пет од нив.

Жените не остануваат плодни се до менопаузата. Просечна менопауза доаѓа во 51 година, но многу жени не се во состојба да забременат кон средина на своите 40-ти години.

Овие статистички податоци се однесуваат на природно забременување, но и на вештачко оплодување.