Истражување: Најубавите врски почнуваат како пријателства

Покрај популарното верување дека љубовта произлегува од страста, ново истражување покажува дека најромантичните врски произлегуваат од долгите пријателства. 

Според Дану Стинсон, лидер на истражувањето и професор по психологија на универзитетот Викторија Во Канада, ваквите податоци се резултат на дваесетгодишна студија од оваа област. Според неа, иако до некаде биле очекувани ваквите резултати во одредена мера, сепак изненадувачки е колку е тоа доминантно кај голем број од испитаниците.

Истражувањето кое беше објавено минатата недела вклучило околу 1900 луѓе од Канада и САД, во периодот меѓу 2000-2020 година. Анализите покажале дека 66% од врските кои започнале како пријателства, биле долгорочни, но и посреќни. Интересно е да се напомне дека во најголем дел, пријателствата траеле околу 22 месеци пред да преминат во љубовни врски, иако почетокот на пријателскиот однос бил изграден без намера да премине во романса. 

Според Стинсон, ова треба да послужи како инспирација за луѓето во однос на нивните ставови за врските и љубовта, особено во поглед на очекувањата дека треба да сретнеме личност и нашиот живот да се промени во секунда или пак дека потребна е силна страст за почеток на љубовна врска.

 

Sports Shoes | Buy online Sneaker for Men