Истражувањата покажуваат: Жените се во подобра форма од мажите

Иако досегашните истражувања покажуваат дека мажите се понадарени и позаинтересирани за спортот и физичката активност од жените, сепак експертите од универзитетот Ватерлу во Канада посочуваат дека женскиот организам е во подобра форма и може побрзо да го извлече кислородот од крвта, што значи дека жените во физичките активности можат да бидат поуспешни од мажите.

Томас Белтрам со тимот на стручњаци ја мерел брзината на испуштање кислород во крвта кај мажите и жените, така што сите испитаници извеле три вежби со умерен интензитет. Според резултатите, жените го согорувале кислородот за 30% побрзо од мажите. Тоа значи дека жените подобро ги изведувале вежбите и кај нив постоела помала шанса за исцрпеност по завршување на вежбите.

Според Белтрам, овие резултати се различни од досегашните тврдења дека мажите по природа се во подобра форма од жените и дека тие се спортски типови, а жените не се.