Истражувањата покажаа дека возењето велосипед го зголемува животниот век!

Веќе знаеме дека велосипедистите се помеѓу најсреќните учесници во сообраќајот, но неодамнешно истражување на холандските велосипедисти  покажува дека тие најверојатно и живеат подолго. Според истражувањето спроведено од Универзитот во Утрехт, велосипедистите во Холандија во просек живеат 6 месеци подолго од оние кои не возат велосипед.

Истражувањето собрало информации од 50.000 холандски жители и дошло да заклучокот дека секој дополнителен час поминат во возење велосипед, додава отприлика еден час плус во животниот век.

Истражувачот Карлијн Камфиус вели: „За Холанѓаните, математиката би дошла дека секои 75 минути возење велосипед се еднакви на 6 месеци подолг живот.“

Важно е да се забележи дека возењето велосипед е веќе неверојатно популарен начин на транспорт во Холандија и таму самата инфрастуктура на патиштата е направена на начин кој е полесен и побезбеден за велосипедистите во споредба со другите држави.

Холандските истражувачи се надеваат дека нивното истражување не само што ќе ги поттикне луѓето да почнат почесто да го користат велосипедот, туку и дека ќе ги инспирира носителите на одлуки ширум светот да започнат дејствија кои ќе направат промоцијата на возењето велосипед да биде повисок приоритет.

Камфиус вели: „Ова е важна информација со која можат да се убедат носителите на одлуки за важноста за промовирање мерки за велосипедизмот. Бројките зборуваат сами за себе. Инвестицијата во подобри патеки за велосипедисти, на пример, е лесно покриена со неверојатните поволности за здравјето и потенцијалните финансиски заштеди. Исто така има и други поволности од возењето велосипед вклучувајќи го и подобриот квалитет на воздухот, намален сообраќај и како што луѓето повеќе се движат, така и помалку ќе се разболуваат.“