Основното јавно обвинителство Скопје спровува истражна постапка против 53-годишен велешанец кој се обидел да силува жена во скопската населба Аеродром.
„Осомничениот велешанец, на возраст од 53 години, во населбата Аеродром во Скопје, спротивно на јасно изразената волја на една оштетена, со употреба на сила се обидел врз неа да изврши полов однос. Откако жртвата пружила активен отпор со удирање со рацете и нозете и гласно викање за помош, осомничениот излегол од возилото каде го извршил нападот и побегнал“, се вели во соопштението.
Од обвинителството до судија на претходна постапка доставиле предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот ќе се даде во бегство или ќе се крие при што ќе остана недостапен на органите на прогонот.