Истрагата покажа: 14-годишниот Михаил го убил Македонецот и му украл 1.800 лева

Убиениот македонски државјанин И.Н. и 14-годишниот Михаил се договориле да имаат интимни односи, објави бугарски „Флагман“.

Убиството најверојатно се случило во саботата, кога 14-годишниот Михаил со колец го удрил неколку пати Македонецот во главата, по што му украл 1.800 лева и со парите си купил работи за себе, откри директорот на Министерството за внатрешни работи - Бургас.

Михаил имал криминално досие, не одел во училиште и потекнувал од семејство со низок социјален статус, откри полицискиот висок комесар Калојан Калојанов.

Според „Флагман“, Михаил минатата година со стап претепал Украинец и му го земал златниот накит.