Историски ден - на 16 април 1945 формирана првата демократска влада

Во Скопје, на Второто вонредно заседание на АСНОМ што се одржало од 14 до 16 април биле донесени значајни акти за натамошниот развој и афирмација на македонскиот народ.

Меѓу другото, АСНОМ бил преименуван во Народно собрание на Демократска Федеративна Македонија. Најзначаен акт донесен на заседанието е формирањето на првата Влада на ДФМ.

Прв претседател на Владата бил Лазар Колишевски. Формирањето на Владата било меѓу најзначајните државно-правни акти со кои било заокружено конституирањето на народната власт, како и афирмирањето на државната и националната самобитност на македонскиот народ.