Историја за македонскиот футсал: Форца ќе игра Лига на шампиони!

Тимот на Форца успеа да се пласира во главната фаза од Лигата на шампионите каде што учествуваат 32 екипи и со тоа направи историски исчекор и успех за македонскиот футсал.

Екипата од Куманово одигра одлично во одлучувачкиот натпреар и со 5-0 славеше над Ереван од Ерменија. Ерменците во првите две кола покажаа квалитет, меѓутоа против расположената Форца не можеше ништо.

Претходно Форца славеше 4-0 над Енкамп од Андора и 1-0 против Мурата од Сан Марино, па групата ја заврши како првопласирана.