Историја на македонската железница - железничката станица во Скопје е градена 1937

Првата јавна железница во Македонија воспоставена е на 9 август 1873 помеѓу Скопје и Солун.

Во 1888 година се спојува вардарската со моравската железница.

Во летото 1916 почнува со изградба линијата Ханриево (Ѓорче Петров) – Охрид, преку Тетово, Гостивар, Кичево со крак према Струга и Ташмаруништа но пругата е теснолинејка наречена „пампур“ или „чајниче“ Во 1923 се поврзува пругата Генерал Ханрис(денешно Ѓорче Петров) – Охрид со Скопје односно пругата била продолжена од Ханриево до „Мала станица“ (наспроти денешна НИП Нова Македонија)

Железничка станица во Скопје градена 1937

Во 1937 година почнува изградбата на новата железничката станица во Скопје која трае 3 години. Во тоа време станицата во Скопје била една од најубавите на Балканот која имала огромен хол од 1000 м 2 со подземни премини и повеќе покриени перони.

1948 Пионерското вовче кое за само два месеци е трасирано почнува со возење низ градскиот парк од станицата "Стив Наумов", крај езерцето (денешната кафеана "Езерце") по течението на Вардар и неговите плажи па преку Ѓорче Петров до излетничкото место Сарај и крајната станица "Борка Талевски" во село Глумово покрај излетничкото место Матка.

Пампур - малата локомотива

Теснолинејката Ѓорче Петров – Кичево почнува да се демонтира 1948 и е заменета со нормален колосек но во две фази првата фаза до Гостивар е завршен на 25 мај 1952година а вториот дел до Кичево во 1969 година а делот до Охрид останува само како проект.