Исто како во „Кајмак“ - Скопјанка се жали што запалени цигари и пикавци се фрлаат од погорните катови

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“, меѓу другото, убаво ја прикажува и малограѓанштината во која живееме.

Фрлање пикавци од погорните катови е секојдневние за зградите и во Скопје.

Каде е основната култура, каде е еколошката свест, каде е почитта кон оние кои чистат?

На темава коментира една скопјанка која вели дека овој момент од филмот најмногу ја допел затоа што ја дели судбината со многу скопјани кои живеат на приземје да живеат во хаос.

„Живеам на приземје во стара зграда. Под прозорците ми е хаос. Не зборам за отпадоци од чипс, кроасани, ќеси кои не мора да значи дека ги фрлале состанарите од горе, може и ветрот ги донел, но...Пикавци! Пикавци летаат од сите страни. Па толку ли немаат пепелници или не знаат да ги користат“, прашува оваа скопјанка од Кисела Вода.

„Имавме мајстори за ролетни кога еден пикавец падна директно врз главата на мајсторот. Поточно не беше пикавец туку неизгасната испушена цигара. Замислете“, дополнува оваа скопјанка.

Таа вели дека куќниот ред налага чистење и делот околу зградата, но еднаш неделно. Во меѓувреме полно е со ѓубре под нејзините прозорци.

„Да, тоа ми е прва слика, поглед од мојот прозорец, од мојот дом. Настрана тоа што од запален пикавец може да се предизвика пожар. Но, нема што да се прави и каде да се реагира“, вели таа која се сомнева дека ќе проработи културата кај нејзините соседи , нешто што многу сликовито го видовме во „Кајмак“.

„Ни молби, ни опомени, најмалку пцовки помагаат, а во зградата живеат луѓе кое се „продаваат“ за интелектуалци. Излегуваат за на работа дотерани, со скап парфем, ама затоа пикавците летаат од нивните тераси постојани“, заклучува оваа жена која вели дека нема ништо против пушачите се додека нивните пикавци ќе го красат дворот на заедничката зграда.