Истепани ученици во автобус на ЈСП

Во 18 часот вчера 36-годишната Е.Н. пријавила дека истиот ден околу 13 часот и 20 минути нејзиниот 15-годишенсин додека се возел со своите четворица другари во автобус на ЈСП со број 65, кој сообраќал на релација  од селото Стајковци до  Транспортен  Центар, бил нападнат.

Полицијата информира дека во автобусот во Синѓелиќ влегле повеќе непознати лица на возраст од 15-18 години кои  откако се качиле на горниот кат од автобусот најпрво физички го нападнале малолетникот, а потоа и неговите другари.

Истиот се здобил со повреди и во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ му била укажана лекарска помош. 

Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.