Истекува рокот за доделување субвенции за чистење оџаци

Градот Скопје ги повикува граѓаните да се пријават на Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2018 година.  

Повикот трае заклучно со 22-ри ноември оваа година, а се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да се  достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.