Истегнување: Најдобра вежба за мобилност, циркулација и подобро држење на телото

Истегнувањето е нешто што го правиме пред или после вежбањето.

Но, тоа е нешто што треба да го правиме секојдневно, без оглед на тоа дали вежбаме и што вежбаме. Ова е советот на Дејвид Нолан, физиотерапевт во главната клиника во Масачусетс. 

Едно  неодамешно истражување во кое учествувале лица постари од 50 години во период од 12 месеци покажува дека оние кои земале учество во студијата забележале позитивни промени во својот живот преку подобро држење, мобилност, како и намалена болка и подобрена благосостојба.

Зошто треба да се истегнуваме на дневно ниво?

Најголемиот бенефит од истегнувањето е очигледен -  тоа ја подобрува мобилноста и ни помага да останеме флексибилни. Тоа пак придонесува подобро извршување на секојдневните задачи, а освен тоа ја намалува тензијата во мускулите и болката во различни делови од телото, особено во грбот и вратот.

Освен тоа, истегнувањето го подобрува и држењето на телото. Лошото држење е предизвикано од многу фактори, а истегнувањето придонесува нашето тело да се чувствува полесно и да можеме да се исправиме.

Освен тоа, редовното истегнување придонесува кон подобра циркулација