Исповед: Ова е една од најсреќните одлуки во мојот живот...

Една од најсреќните и најдобрите одлуки во мојот живот е да ги оставам луѓето да мислат што сакаат за мене. На крајот на краиштата, тоа е нивна работа, тоа се нивни мисли и нивно време, кое можат да го трошат како што сакаат. 

Каква врска имам јас со тоа? И сега сум прекрасно слободна. Повеќе не се плашам дали ќе разочарам некого. Не сакам ни минута повеќе да потрошам на расправии. Не навлегувам во дискусии. Не сакам да докажувам дали сум во право или не. Ме мрзи. И жал ми е за времето кога не ме мрзеше. Сега сум мрзлива за на сила да разговарам со луѓе со кои не сакам да зборувам. Мрзлива сум за да водам глупави разговори и преписки со луѓе кои не ми се интересни, кои сакаат да ми лепат етикети и кои сакаат да лечат комплекси на мене. 

Ме мрзи да кажам ДА, кога сѐ во мене вели НЕ. Ме мрзи да се извинувам за своето мислење, кое никому не го наметнувам, но не сакам да ме разубедуваат за да биде по нивно. Драги мои, навикнете се на оваа мрзливост. Затоа што токму тоа ќе ви ја сочува енергијата за луѓето кои ви се важни во животот. Ќе ви овозможи да им помогнете на оние на кои навистина им е потребна вашата помош и да не губите време на оние кои само ви го губат времето. 

Ќе ви даде слобода да повлечете линија меѓу вас и оние кои не ве трпат, а сепак некако постојано ви се мешаат во животот. Овој тип на мрзливост ќе ви го расчисти животот – за на крај да остане само што навистина ви треба. Ослободувањето од непотребните работи на сите нивоа е еден од условите за зачувување на душевното здравје, како и секое останато здравје. 

Ништо не го уништува животот како што тоа го прави зависноста од туѓото мислење и насилството кон самите себеси, додека постојано се обидуваме да ги исполниме туѓите очекувањња и да им бидеме добри на сите. Бидете нежни кон себси!

Не си преземајте обврски на својот грб и емоционално да им служите на оние кои мислат дека нивното мислење треба да влијае на вашиот живот. Никој освен вас не треба да влијае на вашиот живот. И затоа, нема си мислат што сакаат и колку сакаат. А додека тие мислат, ние ќе живееме. 

~ Лилија Град