Исповед на самохран татко од Скопје: Немаат само жените мајчински инстинкт

Иако многу често слушаме тажни животни приказни на самохрани мајки, оваа приказна е сосема поинаква.

-Самохран татко, доволно е на било кого на улица да му го кажете тоа за да ве погледне чудно. Сигурно нема „од прва“ да ве разбере, бидејќи детето треба да биде со мајката според некои непишани правила, раскажува скопјанецот Сашко.

Тој, пред 6 години се развел од својата споруга, која не сакала да го земе детето.Како што објаснува Сашко во бракот не им одело не можеле да ги надминат караниците и несогласувањата, а детето не можел да го остви знаејќи дека во неговиот случај мајката нема да се интересира за него и ќе биде запоставено.

-Лана има 5 години оди во градинка.Вистински другари сме. Секое утро си имаме посебен ритуал.Бираме што ќе облечеме, пиеме млекце и заминуваме, едниот во градинка другиот на работа.Кога Лана е болна имам помош од моите родители. Пресреќен сум што можам и сакам да се грижам за својата ќерка, вели Сашко.

За да избегате од сопствените мисли, проблеми и сите оние кои се чудат и ве прашуваат, единствено ви преостанува да се свртите кон детето. Да го набљудувате, да го слушате, чувствувате, да го разбирате, да ги баталите сите и да му се подредите на него.

-На почетокот тешко беше прво за моите родители да го прифатат фактот дека се разведувам и плус го земам детето.Но, со текот на времето они како и моите пријатели сфатија дека сум донел исправна одлука.Изморен сум да објаснувам зошто се одлучив на вакoв чекор. Забележував и жалење од луѓето во стилот види го овој остaвен сам со дете. Со време ќе се изморите од објаснувања и ќе се препуштите – нека покаже времето. А сите ваши непроспиени ноќи, дали температури, болести сите ваши пролеани солзи, грижи, немири, хаоси, ломови во душа, во главата, тоа никому не го кажувате. И зошто? Дали останатите знаат што треба да му одговорите на детето кога ве испрашува? Ниту самите не знаете што е најдобро, а маж сте. Сите велат за нас мажите дека не знаеме добро да лажеме, објаснува тој.

Скопјанецот Сашко, вели дека немаат само мајките „мајчински инстинкт“, го имаат  татковците, само треба да знаете како да се активира ако сам „не се покрене“.

- Штом сте тука за вашето дете и тоа е тука за вас, тогаш  100% подготвени сте да го направите среќен оној којшто го сакате и оној којшто ве сака вас.