Синоќа на улицата Методија Шаторов Шарло пред угостителски објект беше претепано 27 годишно момче од Драчево. Истото, во бессознание беше пренесено на Клинички центар во Скопје, каде и моментално се наоѓа.

Во изјава за „Фокус“ се обиде да ни раскаже што се му се случувало во текот на вчерашниот ден.

„Се се случи многу брзо. Не успеав да им ги видам лицата, а девојката што беше до мене ги препозна. Ме нападнаа 4-5 лица, кои претходно ми изнудуваа пари. Ме удираа со пиштол во главата, и два пати во ногата бев прободен со шрафцигер или нож. Едноставно, се обидуваа да ме убијат“, изјави В.Д.

Како што ни раскажа, станува збор за лихвари, кои како што рече, се познати во Скопје по криминал и насилства.

„Станува збор за лихвари кои се познати во Скопје. Јас го имам вратено долгот што го имав кон нив, но тие ја бараа каматата. Поради тоа се случи сето ова.“