Исповед на немажени жени: Како изгледа сингл животот во 40-тите

Шест жени отворено зборуваат за тоа како изгледа да се биде сингл во 40-тите години и кои се предностите на таквиот живот…

Ребека Трејстер во книгата “Немажени жени и воздигнувањето на независната нација” објаснува зошто се повеќе жени се одлучуваат за сингл живот.

“Жените во развиените земји водат комплициран општествен живот, покрај финансиската независност и сексуалната слобода. Нивните животи се комплицирани во голема мера заради фактот што мажените жени секогаш имаат подобар социјален статус, бидејќи околината смета оти самците се предодредени да се чувствуваат некомплетно”- вели авторката.

Според податоците на истражувачкиот центар “Pew”, во САД многу луѓе се одлучуваат да не живеат во брачна заедница. Всушност, само половина од возрасната популација постара од 18 години е во брак, а 4 од 10 испитаници веруваат дека бракот е преценета институција. Но, и покрај ваквите податоци, притисокот на општеството врз сингл луѓето и понатаму доминира.

Шест жени зборуваат на оваа тема, односно одговараат за магазинот Lisa на прашањето како фактот што не се во брак влијае на нивните животи.

Слободата е моето најголемо богатство

“Кога бев во дваесеттите години, мислев дека ќе бидам многу осамена ако не се омажам до 40. Но, всушност е многу забавно бидејќи сама ги одредувам правилата. Можам да се концентрирам на кариерата, да излегувам со различни мажи и со своите пари да правам што сакам. Не се омажив бидејќи не го сретнав вистинскиот човек. Наместо на брак, работев на други полиња од мојот живот и среќна сум” – Мирјана,43

Немам за што да разговарам со пријателките

“Главна причина заради која понекогаш жалам што не се омажив е разговорот со пријателките. Сите мои блиски се омажија имаат деца уште пред да наполнат 35 години. Кога разговарам со нив, често ми се случува да не знам што да им кажам кога ќе зборуваат за нивните мажи и децата ” – Ирма, 46

Не верувам дека ќе најдам некој со кој можам да бидам до крајот на животот

“Сметам дека ако не ја најдеш идеалната личност за себе до 40-тите години, нема ни да ја најдеш потоа. Се откажав од идејата за потрага по партнер и тоа за мене веќе не е приоритет. Сметам дека е невозможно да се најде личност која е доволно добра да го помине животот со мене. Затоа одлучив остатокот од својот живот да го поминам во друштво на домашни миленици и членовите на моето семејство ” – Паулина,43

Со годините доаѓа и мудроста – знам што сакам

“Луѓето не зборуваат премногу за тоа, но излегувањата на романтични состаноци во четириесетите е нешто сосема поинакво отколку во помладите години. Имено, сега знаете што ви се допаѓа и што сакате, така што не губите време на прашања дали е тој вистинскиот или не е. Ако после 6 месеци врска има повеќе негативни отколку позитивни случувања, едноставно ја прекинувам таа врска. Со годините доаѓа мудроста, а таа помага да не си го трошите времето на погрешни личности. Јас барем тоа го научив досега” – Наташа, 40

Во 40-тите има се помалку слободни мажи

“Не е исто да бараш партнер во 30-тите и во 40-тите години. Во 40-тите е комплицирано бидејќи повеќето се зафатени или оние кои се развеле носат товар на душата и во главно се ‘неупотребливи’. Освен тоа, мажите се незрели и побрзо би се одлучиле за помлада жена, отколку за некоја на нивна возраст” – Бранка,43

Жалам што не се омажив бидејќи сакам деца

“Причината заради која најмногу патам е фактот што веројатно на овој начин нема никогаш да имам деца. Тие се причината заради која сакам брак. Жалам што не замрзнав свои јајце клетки кога имав 30 години, во случај повторно да наjдам некого и да не мора да се трудиме премногу” – Сандра, 40