Исповед на една жена: Како изгледа љубовта после 5 години?

„Пеперутките во стомак“ денес се сметаат за класичен симптом на заљубеност. Меѓутоа, многумина луѓе се разочаруваат кога ќе сфатат дека во долгите врски се губат тие пеперутки.

Инспирирана од тоа, една жена одлучила да сподели како изгледа нејзината врска после 5 години. Во својата порака, таа совршено опишува како заедничкиот живот ја трансформира љубовта.

Ние во целост ви ја пренесуваме нејзината порака:

„Речиси 5 години сум во врска. На социјалните мрежи секој ден гледам статуси за тоа дека да бидеш со човекот на твојот живот значи дека ќе имаш пеперутки во стомакот и тоа цело време. Многумина веруваат дека љубовта е вистинска само ако срцето забрзано ни чука кога човекот кој го сакаме ќе влезе во просторијата, ако секоја вечер се гушкате и цело време сте испреплетени во кревет и секоја вечер заспивате во прегратка.

Можам да ви речам дека воопшто не е така. Барем не за мене...

Кога ќе почнете да живеете заедно, пеперутките исчезнуваат. Срцето повеќе не би чука забрзано кога ќе го видите. Наместо тоа, сѐ се смирува. Кога сте во истата просторија со него, се чувствувате смирено и сигурно. Кога со него се милувате, вашето срце чука бавно, а звукот на неговото дишење ви дава утега и ве заспива. Повеќе не се наоѓате на емотивниот ролеркостер, туку се наоѓате дома.

Повеќе не спиете прегрнати и испреплетени. Наместо тоа, удобно спиете еден покрај друг, многу често и завртени на спротивни страни. Сепак, секоја вечер се фаќате себе како се сместувате во близина на неговата рака или му ја милувате косата додека спие. Има ноќи кога мојот заспан дечко додека спие ја става раката на мојата страна од креветот или само ме повлекува кон него како дете кога ја повлекува својата омилена играчка. Јас сега сум негова утеха, сигурност и мир.

Во раната зора, кога целиот свет е уморен и спие, јас се вгнездувам во неговите гради, го чувствувам неговиот мирис и повторно потонувам во сон.

Бакнежите не се повеќе страстни и романтични како некогаш. Но, сега се почести. Тука се ладните бакнежи од сладолед, лепливите бакнежи од мармалад. Тука се и „одам на работа“ бакнежите и „само уште еден пред одење“ бакнежи. Тука се и посапните утрински бакнежи кои ве будат подобро од кој било аларм. Има ли поубав начин да се започне денот од усни на усни?

Тука се и бакнежите за добра ноќ, бакнежите кои велат „мило ми е што баш тебе те бакнувам, а не некоја друга/некој друг“ или „колку си ти прекрасен човек“. Тука се и кратките бакнежи.

Кога се околу нас е забрзано и гласно, се потпираме еден на друг, се бараме, се пронаоѓаме еден со друг. Кога наместо да ја цените својата слобода и нему да ја дадете неговата слобода и простор, вие заедно сте слободни еден со друг и најубаво е кога ќе се стуткате еден до друг и кога со прегратка ќе го премостите просторот кој ве раздвојува.

Повеќе не си праќате пораки во кои изјавувате или потврдувате љубов на секои 30 минути. Љубовта сега се подразбира. Од романтични изливи на љубов сега сте напредувале на ниво на внатрешни шеги поврзани со заедничкиот живот кој го градите. Во јавност разменувате погледи на чудење, негодување, воодушевување – го имате вашиот мал свет наспроти оној надворешниот.

Врската не е бајка. Ниту пак огномет и панаѓур. Престанува да биде таква по некое време.

Наместо тоа, врската е тивкот ритам на љубов и грижа. Таа не е оган која гори во твојата душа, туку тивок пламен кој те грее додека удобно сместен тонеш во сон.

И јас го сакам тоа.