Исповед на докторка од породилиште: Се видов досега, но ова беше врв - колку навистина ти е потребно за да бидеш среќен

Приказна на оваа докторка од породилиште е толку дирлива, поради која ќе ви потечат солзи...

Влегувам во породилиштето... На породилната маса, има млада девојка, која нема повеќе од 20 години, многу слаба, испиено лице, темни подочници... Не пушта ни глас, не се слуша дека ќе се породува.

Акушерката во еден момент се доближи до мене и ми кажа дека е отворена веќе шест сантиметри, а терминот не и баш сега, и бебето е многу мало...

Како се викаш, ја прашав, и се доближив до неа.

Марина, ми одговори, тивко.

Од каде си?

Од тука сум, ми вели, тука и се омажив...

Добро Марина, зошто си толку слаба? Јадеш ли, ја прашав.

Да, ми одговори кратко. Добро јадам. Знаете докторке, мојот сопруг работи и заработува, не пие. Добар е. Секој ден имаме леб и правиме по нешто. Убаво живееме, не се жалам, почнува таа да раскажува.

Мене, почнува срцето да ми се скаменува... Сфаќам дека е искрена. Дека тоа навистина е таа. Таа навистина јаде само еднаш во текот на денот и мисли дека тоа е исправно.

Марина, кого имаш, брат, сестра?

Само сестра, но таа е во едно семејство. Мајка ми почина, татко ми работи по цел ден и не знаеше што да прави со мене. А бев многу вредна, чистев, готвев. Одев на пазар и го земав зеленчукот што го фрлаа, а знаат да фрлаат добра храна, која може да се јаде. Еден ден, татко ми дојде и ми кажа, Марина ти најдов маж и го доведе. Иди дете со него, ќе ти биде подобро, отколку тука и така и направив, се омажив за него.

Убав ли ти е сопругот, пробував да се насмеам.

Добар е. Кажа кратко, и продолжи да молчи. Само по фацата се познава дека ја боли. Млада жена која ја прифаќа реалноста, колку и да е тешка, која не знае за подобро, немоќна било што да смени...

Акушерката ми ги донесе нејзините резултати од крвната слика. Го фрлам погледот врз резултатите и ми се прави една кнедла во грлото. Тешка анемија.

Знаете докторке, мојата ќерка ќе се вика Амина. Имам облека. Се е исперено, испеглано, навистина тие работи се како нови. Имам и пелени.

Ајде Марина, давај напор, за да роди твоето бебе. Најсилно што можеш. Таа слуша, а нејзиното слабо тело, дава сила и на крај таа се породи.

Бебето слабо, но убаво, плаче, со црна коса...

Душо, мама те чекаше и те дочека. Дајте ми ја да ја бацам, побара таа.

Ја зема во рацете, ја прегрна и плачеше од среќа.

Знаеш ли дека ти си ми се. Колку е тешка, праша.

Тешка е 2.200 грама, и рековме.

Многу е убава, најубаво бебе...

И донесовме работи за да се пресоблече.

Гладна ли си, ја прашавме?

Не сум, ќе јадам подоцна. Не се грижете, не ми е потребно на мене многу, и по прв пат таа има насмевка на лицето.

Излегувам од породилиштето. Ме чека мал, низок човек.

Јас сум сопругот на Марина. Дали таа е добро, ме праша.

Да добро е, му велам и го гледам. На себе има износена мајца, но чиста, испеглана, големи тренерки и стари распаднати патии. Рацете изморени, изработени. Се породи Марина и е добра, среќна е, му велам.

И тој беше среќен. Ве молам дајте и го ова, и ми подава мала кутија со бисквити и сок.

Нека јаде, треба да дои, а јас ќе дојдам утре. Сега ќе одам, најдов работа, морам да работам, ми рече...

Заминувам, полна со тага. Тоа е реалност. Тука околу мене, околу нас...

Наредниот ден, во визита, доаѓам до неа. Насмевка на лицето. Мириса на сапун, измиена коса, во спаваѓа од породувањето, која е чиста.

Го сфаќа мојот поглед. Ме гледа во очи и ми вели:

Ја исправ и ја исушив. Топло е. Убаво ми е во чисто...

На масата имаше храна, бисквити, чоколади, сок.

Ми ги дадоа, вели Марина. Види ти колку си слаба, а ние дебели, јади место нас. Сфатив. Жените од собата и дале за јадење.

Се насмеав, и ги погледнав прекрасните жени од собата. Почувствувале дека и треба помош, па и дале се што и треба.

Доаѓа денот за заминување. При поаѓањето, Марина доаѓа да се заблагодари.

Ви благодарам, вие сте прекрасни, ни рече.

А тој, ја чека надво. Ја бакнува во косата и, и дава еден цвет, скинат од некоја градина.

Ги гледам и си мислам... Колку навистина ти е потребно за да бидеш среќен?