Исплатени 3,2 милијарди денари за обесшетување на штедачите во „Еуростандард банка“

Фондот за осигурување на депозити информира дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,2 милијарди денари што претставува близу 77% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

– Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот. До денес се исплатени близу 10 милиони денари по основ на обесштетување на наследници на депоненти на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај – се вели во соопштението.