Испишани графити пред избирачки места кај Бит Пазар и Чаир

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, по што е уапсен скопјанец, соопшти на прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите на гласачките места, а од неправилности што се пријавени во МВР има неколку случаи на агитирање, испишани графити на избирачки места, организиран превоз на гласачи до гласачки места, а имаме и неколку пријави за наводно нудење пари за глас. 

„Во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар во Скопје било пријавено дека пред избирачки места во основните училишта „Цветан Димов“ и „Даме Груев“ биле испишани графити во врска со изборите, а графити биле испишани и на основни училишта на ул.„Коста Абрашевиќ“,на ул.„Браќа Реџепагиќ“ и на ул.„Петре Ѓорѓиев“, кои се во надлежност на ПС Чаир.

Исто така, во СВР Велес било пријавено дека во близина на избирачко место во с. Сирково, кавадаречко, биле испишани графити во врска со изборите.