Исланд се плаши од Македонија, но велат: И вие ни се плашите

Селекцијата на Исланд, за разлика од Македонија во денешниот меч влегува со две последователни победи. Нивниот искусен голман, Пол Берген Густавсон во пресрет на одлучувачката средба за 3. место на табелата во Б групата даде свое видување, пишува Спортклуб.

„Со Македонија сме играле многу, многу пати, така што се познаваме. Ние се плашиме од Македонија, тие се плашат од Исланд, тоа е доказ дека двете репрезентации се силни и опасни со класа играчи, со двајца тренери кои се во светскиот врв, затоа едвај го чекаме овој натпревар, знам дека ќе биде фантастичен натпревр. Ние се подготвуваме за сѐ, го имаме Гудмундур Гудмундсон за селектор, кој обожава да анализира видео, така што се подготвуваме буквално за сѐ, кога играте против играчи од светска класа како Лазаров не може да биде поинаку“, изјави Густавсон.

Се очекува арената „Олимпија Хале“ во 18:00 часот да биде комплетно исполнете.