Искуство од скопско породилиште: Добив две кончиња и најголема љубов на светот

Понекогаш ми е жал што мажите не можат да го доживеат тоа, вели мама Лејла која неодамна се породи во Клиниката за гинекологија во Скопје. Ова е нејзината приказна...

И после девет месеци исчекување, мојот син конечно да дојде на овој свет, тој сепак се успа во мене и не сакаше надвор. Се сеќавам, седум дена после поминат термин, отидов на преглед. Докторот ме прегледа и ми рече дека бебето се уште нема намера да излегува, па ми закажа контрола за после три дена.

Се наближуваше понеделни... Работите кои ни беа спремни ги спакував уште во петокот. И така си легнав безгрижна да спијам, размислувајќи за бебето. Утрото ме разбудија болки.

Брзо станав, се облеков. Сопругот беше на работа, па свекорот ме одведе во болница.Таму ме пресретна една многу љубезна сестра, која почна да ми објаснува и да ме совестува како полесно да ги надминам болките. Додека ми земаа податоци, болките се зголемуваа, почнаа на три минути. После тоа ме прегледа докторот и рече дека сум отворена 4 прста и ме прати во салата за породување.  Полека дојдов до породилниот стол, сестрата ми зборуваше што треба да правам. Но, болките речиси и да не ја слушам.

Два часа бев таму. Трпам болки, размислувам за бебето, морам да му помогнам за да излезе, а да си помогнам и на себе.

Породувањето започна. Веќе после три напони, слушнав бебешко плачење. Мало, здраво, момче... Од радост плачам и јас, плаче и тоа.

Нареднито ден веќе си заминавме дома. Јас се чувствувам супер. Добив само две кончиња и мојата најголема љубов, мојот син Лазар.