Искуство на невеста од Албанија во Македонија: За мене платија 2.000 евра

Посредувањето за невести од Албанија за мажи од Балканскиот регион не е некој новитет, а за ваква солуција во љубовниот живот најчесто се одлучуваат ергени од руралните средини каде е потешко да се најде девојка заради слабата населеност.

Заинтересираните младоженци прво добиваат слики од околу 500 девојки, а од нив бираат неколку кои на прв поглед им се допаѓаат. Потоа треба да пополнат формулар за имотната состојба, дали можеби имаат деца, по што се договара патување во Абланија. Кога таму младоженецот ќе се одлучи за една, се договара состанок со целото нејзино семејство.

На тие средби со целото семејство знаело да има и расправии и повишени тонови, особено ако таткото гарантира дека девојката е невина, а потоа се покаже дека не била. Тогаш настанува вистински хаос бидејќи младоженецот се чувствува оштетен, а парите веќе ги дал.

Цените на услугите на агенциите варира од 3 до 6 илјади евра во зависност од тоа што бара младоженецот.

Моника е несвата од Албанија. Таа таму се викала Монада, но тука го сменила името.

Таа се сеќава на запознавањето. Вели дека на слика прв пат го видела сопругот Тони, и веднаш и се допаднал. Едвај чекала за да го запознаа лично. Тони за неа платил 2000 евра. Нејзиното семејство, браќата и татко и, барале 3000, но се погодиле за помалку, вели таа.

-Kога се омажив во Македонија, си реков, каде дојдов јас од Тирана во оваа дивина во кратовско село. Но, иако е селото мало, кога љубовта е голема, може убаво да се живее, вели 28-годишната Моника. Таа со својот сопруг Тони шест години живее во селото и имаат две деца.

- Дојдов од голем град во мало село и од преголема возбуда од промената на почетокот еднаш се изгубив. Kако млада невеста тргнав по вода на селската чешма и заборавив каде беше нашата куќа. Не можев да ја најдам. Сретнав една баба и почнав да ја прашувам да ми објасни како да стигнам до дома. Но таа не можела да ме разбере убаво по говорот, па отишла му кажала на мојот сопруг „оди барај си ја невестата ти се изгуби“. Тој веднаш дојде по мене. Му кажав што ми се случи и слатко се изнасмеавме по тоа. Сега веќе се навикнав на селото и многу ми е убаво, за весникот раскажува Моника.

Ни раскажуваше смирено и со насмевка на лицето.

- Само два месеца живеевме во градот. Kолку да ме залажи што се вели, па оттогаш сме тука во селото - се шегува и се смешка пријатната млада жена.

-Убаво ми е тука. Сопругот ми е многу добар човек.Се почитуваме и тој мене и јас него. Ме почитуваат и неговите. Порано им беше чудно. Соседите кога ќе ме среќаваа на улица секогаш ме гледаа од глава до петици, им беше чудно, но сега се е во ред, раскажува таа.