Искуство на бебиситерка од Скопје: Родителите ја мешаат улогата на бебиситерка и домашна помошничка

Вера веќе седум години чува деца, односно работи како бебиситерка. Со децата и семејството одела и во странство и на летување и на зимување, но соработката секогаш се завршувала, бидејќи поголемиот дел од родителите не знаат која е точно улогата на една бебиситерка.

Сите тие бараат бебиситерка, а всушност мислат на домашна помошничка. Мислам дека со тоа и се објаснив. Бев во семејство каде мајка ми праќаше по 30 пораки дневно. Облечи му го ова или она на детето. Иди до хемиско да ги земеш работите, оди до пекара, извади ги алиштата од машината... Сешто се случуваше. Јас сум многу толерантна, но, ако им дадеш еден прст, тие ви бараа цела рака. Тогаш отворам уста и тука соработката се завршува, раскажува Вера.

Таа смета дека во семејство во кое бебиситерка е повеќе од 10 часа дневно таму, децата повеќе љубов добиваат од неа, отколку од родителите. Затоа таа и денеска се гледа со некои деца, и покрај тоа што не ги чува.

-Дојде време за да се запознаам со детето, девојче од две години. Влегов во станот, мајката пред излегување. Со една рака се запознаваше со мене, а со друга ги облекуваше чевлите, која ми вели: “Taa e неверојатна. Што би кажале постарите антихрист. Не зборува чисти, па и ништо нема да можеш да ја разбереш, е тогаш ќе почне да плаче и да се нервира, бидејќи ти не ја разбираш. Тоа многу ја нервира. Ќе почне да плаче многу, и да повраќа. Не се плашете, не и обрнувајте внимание. Ако ви е гадно да чистите повраќано, фрлете само весник преку тоа, мајка ми ќе дојде после ќе исчисти. Јас сега се брзам, ќе дојде мајка ми околу 5 часот”. После тоа излезе, а јас и детето останавме сами. Не плачеше, а не ни повраќаше. Ни тој ден, ниту во наредните две години...

Многу бебиситерки како Вера првото свое искуство во чување на деца, го имаат со деца на роднини или пријатели, но првата мака настанува кога ќе почнат да чуваат деца на непознати луѓе.

Од јули минатата година, до февруари оваа година работев кај една млада мајка, од Русија, омажена во Скопје. Го чував нејзиниот тригодишен син. Имаше неколку чудни ситуации за мене. Еднаш додека го хранев, тој почна да ја плука храната. Му реков  “ ти си лошко”. Таа седеше пред компјутер и после ова веднаш стана и ми кажа дека јас така не смеам да му се обраќам, дека не е добар, бидејќи тој секогаш бил добар, само понекогаш не се однесува убаво. Бев малку изненадена, бидејќи сметав дека не кажав ништо лошо, но секако се извинив и кажав дека во иднина ќе му зборувам така како што таа сака, раскажува Вера.

Таа смета дека бебиситерката треба да биде свесна да ги исполнува барањата на родителите, се додека се во граница на нормала, но и да каже кога со нешто не се согласува.

Чував дете на една докторка која се плашеше да го чува своето бебе. Се плашеше да го храни. Јас и го носев бебето и, и го ставав на градите. Никогаш таа не го водела детето на вакцина, секогаш јас, или пак мајка и. Тоа ми беше најчудно.

Најчудно ми беше со дете, кога требеше да се навикне во градинка. Семејството бараше да викам по него, така сметајќи дека тоа ќе му помогне.

Вера чувала деца и во Скопје и во странство и вели дека разликата е голема, бидејќи самата култура значи и разлика во воспитувањето.

Многу е тешко да си бебиситерка на дете од 5 години кое е шеф во домот. Пелени на 5 години, убедување, хистерија, гледање цртан филмови без престан. Природниот нагон ти кажува дека нешто треба да се смени, но детето сепак си прави по свое, а за тоа секој пат ја има поддршката од родителите, така што ти испаѓаш како полицаец. После некое време сфатив дека родителите всушност сакаат јас да бидам нејзина другарка и да и посветувам внимание и време кои тие не можат да го дадат, вели Вера.

Во Скопје чувала дена на семејство, кое барало од неа со детето да зборува на англиски јазик, иако детето немало ниту една година.

Кога ќе кажам дека работам како бебиситерка сите сметаат дека тоа е прекрасна професија, каде воопшто нема никаков проблем. Најстрашно е кога родителот не е свесен за улогата на бебиситерката, или кога не знаат што сакаат и што е најдобро за нивното дете.

Затоа, апелирам до сите родители, пред да ми ги дадете вашите деца во раце, седнете и разговарајте со мене, за тоа што очекувате и што можам јас да понудам, се во корист на вашето дете.