Искршени садници и корпи за отпадоци - демолиран Рајскиот парк во Аеродром

Денес, во време кога Скопје е помеѓу најзагадените светски метрополи, треба сите заедно да ги насочиме нашите сили за создавање на еден почист и зелен град.

Но, наместо тоа погледнете каква слика ги затекна екипи на JП "Паркови и зеленило" утрово во Рајски парк, Аеродром. Имено, неколку од тукушто насадените млади садници се искршени и извадени од корен и нема можност повторно да се вратат во живот. Корпите за отпадоци се демолирани, како и сандачето за струја за работа на пумпите за наводнување.

Апел до сите граѓани – со своето знаење направете било каков чекор во придонес за поздрава животна средина за сите нас.