Искрена исповед на една мајка и жена: Си недостигам самата на себе!

Вчера седев во кафана и јадев рибја чорба, кога одеднаш почнав да ги слушам старите познати песни. Почнаа да ми течат солзи. Мислам дека срцето ќе ми препукнеше ако продолжеа да ми ги погодуваат песните.

Чувствувам болка, жал, за мајка ми, татко ми, за детството... Таа тага е толку блиску, само на пар тонови од мене, само на пар милиметри под кожата, само на пар сеќавања во душата. Чувствувам носталгија како што чувствуваат оние кои цел живот биле надвор од татковината, далеку од својот јазик и народ. Зошто се ме боли толку? Во секоја кафана, пред кого било и секогаш на истите песни. Песните на мојот град. Ми се плаче.

Ми се чини дека кога би можела би плачела со денови. Би ја пуштила целата таа тага и жал од себе, би се измила и би ја исплакнала оваа ранета душа, би се дала себеси вистинска оддишка. Во глава ми се сите слики кои никогаш не се одиграа. Почнува песната, почнува и болката. Ја стискам чашата во раката. Почнувам за прв пат да сфаќам зошто луѓето одат во кафани. Можби затоа секогаш ми беше далечна, затоа што ќе ми сраснеше за срце.

Има пројдено многу долго време откако престанав да играм и танцувам низ дома, непримерно да се однесувам во супермаркети, да пеам од петни жили, од стомак и тоа само детинасти, рок и поп песни, само хитови на мојата младост. Ми недостасува лутиот гранџ и плиткиот и едноличен соул, ми недостига „мојот другар Металика“ и сите оние тинејџерски групи и изведувачи кои ги поврзувам со слобода и потрагата по неа.

Си недостигам самата на себе, јас без деца, маж, семејство. Онаа автентична, неприлагодена и малку чудна јас. Ми недостига да мислам, да чувствувам и да изговарам се што ќе ми падне на памет, без чувството дека морам да мислам на некој друг, затоа што повеќе не сум сама и никогаш повторно нема да бидам сама.

Ми недостига да бидам тажна кога тоа ми е потребно, да се смејам и да се глупирам без оглед на се, да грешам и тоа да не е толку важно и никој да не зависи од мене.

Си недостигам самата на себе, каква и да сум.

Можеби наскоро ќе отидам во кафана и ќе нарачам песна и ќе скршам чаша и можеби болката ќе биде сосема поднослива и смирувачка. И можеби нема да биде важно тоа што сум се изгубила на некое време за да се пронајдам во некое друго светло. И понатаму неприлагодена, дива и очигледна. И своја, секогаш своја.

 

air max 90 essential sale