Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?

Заборавете на сè што сте прочитале и слушнале. Бајките не постојат. Постојат среќни двојки, но тоа се двајца луѓе кои истовремено се борат за среќата.

Ништо не трае вечно. Љубовта доаѓа и си оди. 

Таа ја поседува твојата душа. Можеби мислиш дека ги држиш нештата под контрола, но всушност живееш со раните на девојките кои ги имаше додека таа те чекаше да и се јавиш. 

Постојано се прашуваш дали ги правиш нештата како што треба и те напаѓа несигурноста дека можеби не сте еден за друг. Понекогаш се плашиш дека сè ќе дознае, занемарувајќи ја нејзината интуција, бидејќи таа го чувствува тоа. Таа знае за нив. 

Сакај ја вистински. Не дозволувај да ја изгубиш. Ако не ја сакаш остави ја, но не ја мачи со прашања секогаш кога нема да и одговориш на телефон или ќе ја натераш да се почувствува како да не е достојна за твоето внимание. Не мораш секогаш да бидеш во право – можеш само да ја сакаш и да и го дадеш вниманието кое го заслужува или да заминеш.

Но, ти одлучуваш да останеш. Да ја мачиш. Да ја натераш да се прашува секој ден. Да се бори за твојата љубов како тоа да е последно нешто на светот. Но, не знаеш дека еден ден ќе се разбуди и сето тоа ќе престане. Нејзината љубов ќе ја снема. Ќе го нема нејзиниот копнеж, но ќе го снема и твојот спокој. 

Истиот момент кога ќе замине, ќе почне да ти недостасува. Ќе ја бараш насекаде, бидејќи ниту една нема да биде како неа – како девојката која те сакаше онаков каков што си. 

Можеше да бидеш нејзиниот херој, но не беше. Можеше да ја сакаш, но не ја сакаше. Што сакаш сега?

Затоа запамети:

Сакај ја или остави ја.

Цвеќе? Собери го на патот до неа. Неочекувана вечера? Зарем тоа е проблем? Датата на нејзиниот роденден? Врежи ја во својата глава.

Така се сака девојка. Така се сака девојка која секогаш ќе биде покрај тебе. 

new nike air max 2019