Состојки:
1,5kg свежи кајсии
1kg шеќер
200ml сок од јаболка
1 поголем лимон
Парче путер
Подготовка:
1 чекор: Измијте ги кајсиите и исчистете ги семките. Исечкајте ги на парчиња, ставете ги во голем лонец и додајте го сокот. Варете додека смесата не зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете ја смесата уште 10 минути додека кајсиите не омекнат.
2 чекор: Во смесата додајте шеќер и сок од 1 лимон, па промешајте. Оставете да се вари на умерена температура уште 20 минути.
3 чекор: Тргнете го лонецот од оганот, па во жешкиот џем додајте го парчето путер, добро промешајте и оставете ја смесата малку да се олади (10-15 минути.) Така подготвениот џем петурете го во топли тегли, поклопете ги и оставете ги на темно и студено место.
Направете сок од кајсии по рецептот на Баба. Брзо се прави, се додава само малку шеќер, нема мака и конзерванси.Здраво е и полно витамини.
Ова е постапката: