ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВИКЕНДОТ: Следува период на сончево, топло и суво време

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Дневната температура ќе се движи од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец и дневни температури до 23 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Од недела ќе има пораст на дневната температура.

Во вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе бидат во благо покачување.