Искористете го вашиот омилен напиток во служба на убавината

Ако не можете да си го замислите денот без шолја кафе, тогаш ќе ве израдува веста дека можете да го вклучите кофеинот и во другите аспекти на живеење, а еден од нив е и кожата. 

Оваа состојка е главниот стимулант на напитоците како кафето и чајот.  Кофеинот со години се користи како состојка во козметиката, тој ја освежува, и дава енергија и ја штити кожата од дејството на слободните радикали. Освен тоа, ја подобрува кожата која има целулит, а помага и кај темните кругови околу очите.

Кога ќе се нанесе директно на кожата, тој помага кај црвенилата на кожата, има диуретички ефект со тоа што ја исфрла водата и е одличен за темните кругови под очите. Најголем бенефит од кофеинот може да се забележи кај кремите за очи и целулит. 

Затоа, користете креми и состојки кои се богати со кофеин, а можете некои од нив да подготвите и дома. Еден од нив е и пилингот против целулит.

Потребни состојки:

2-4 лажици талог од кафе

2 лажици шеќер

1 шолја маслиново масло

малку цимет

Измешајте ги овие состојки и ставете ги во тегла. Користете го овој производ во бањата. Можете да го користите за целото тело, со што ќе ја омекне кожата и ќе ги отстрани мртвите клетки или пак само на нозете каде е и целулитот.