Искористете го продолжениот викенд за прошетка на планина и за дишење на чист воздух

Уште еден продолжен викенд, па ако се уште не знаете каде да ги поминете овие денови, тогаш ние ви предлагаме тоа да биде планина и да се одлучите овие три дена да дишете чист воздух.

Планинскиот воздух е од голема корист за луѓе кои се под постојан притисок од работата, под стрес кој треба некако да се ослободи. Чистиот воздух и високото ниво на кислород го подобруваат имунитетот и ја зголемуваат енергијата.

Луѓето кои се љубители на ваквиот начин на туризам велат дека тоа е најдобрата антистрес терапија која може еден човек да ја добие.

Некои истражувања тврдат дека животот на планина, пак, го продолжува векот на живеење.

Скопска Црна Гора, Берово, Маврово, Попова Шапка, Белистер или пак планината Китка, изборот е ваш. Ќе се наполните со позитивна енергија која ќе ви биде потребна за наредните денови. Ќе уживате во природната убавина, ќе вкусите разни специјалитети, а пред се ќе се одморите. Дозволето му го тоа на вашиот организам и на вашите најмили. Одделете време за себе.