Искористени шприцеви во дворот на скопско училиште, граѓаните реагираат: Која е безбедноста на нашите деца?

Искористените медицински шприцеви во тревници и како отпадоци на јавни површини не се ретка глетка низ градот, но проблемот станува уште поголем кога истите се фрлени во дворови на училишта, знаејќи дека учениците кои посетуваат физичка настава се често таму, но исто така и граѓани кои често се шетаат во близина.

Голем дел од нив се и со мали деца или со своите миленици. 

„Пристигнаа 'вакцините' но не оние кој ги чекаме против ова зло, туку “вакцини' во дворот на средното училиште Кочо Рацин“, се вели во објавата на фејсбук-страницата на граѓаните од Ѓорче Петров, кои нагласуваат дека голем дел луѓе доброволно ги расчистуваат овие површини од опасниот отпад, со цел да ги заштитат своите деца и сограѓани.